„Ќе се плаќа колку што се троши“: Екипите на ЕВН влегоа во Слупчане

Претседателот на советот на општина Липково, Зекрија Шаини кажа дека екипите на ЕВН почнале со работа во Слупчане.

Шаини кажа дека активностите на терен течат согласно договорот, а во однос на барањето да се пласќа по 3.000 денари, без разлика колку ќе се потроши, вели дека дел од предлозите на жителите на Слупчане биле нелогични.

- Барањето е нелогично, ќе се плаќа колку што се троши. Не сакаме да бидеме црна точка како што нè претставуваат. Тие кои се социјални случаи, ќе плаќаат на рати, кажа Шаини.