Земјотресот од Црна Гора тресеше и во Скопје

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Црна Гора во 4,06 часот по локално време, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Нема информации дека некаде има материјална штета. Според официјалните информации тој бил проследен со 30-тина помали потреси.

Скопјани на социјалните мрежи споделуваат информации дека земјотресот беше почувствуван и во Македонија, особено кај што живеат на повисоките катови. Тие велат дека земјотресот ги разбудил во раните утрински часови. 

„Лулаше кратко, но силно“, вака коментираат граѓаните во една од групите каде членуваат скопјани. 

Инаку, Во Србија земјотресот најмногу се почувствувал во околината на Нова Варош, Нови Пазар и Пожега.