Засадени 30 листопадни дрвца во манастирскиот комплекс Дељадровци

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски информира дека во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“ денеска во манастирскиот комплекс Дељадровци засадиле 30 декоративни високорастечки листопадни дрвца, донација од компанијата „Џонсон Мети“.

На садењето присуствуваа Владиката г. Григориј - митрополит на Кумановско-осоговска епархија, претставници од „Џонсон Мети“, како и вработени од општинската администрација и ЈКП „Илинден”.

-Проектот „Зелена Општина Илинден” и акциите за садење на дрвја се од врвен приоритет за нас и за граѓаните на нашата општина, бидејќи со истите придонесуваме за поздрава животна средина и почист воздух, информира Георгиевски.