Се одржа манифестацијата „ Денови на спорт на младите во општина Илинден“

Градоначалникот Александар Георгиевски ги додели наградите за најдобрите спортски екипи од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден“ кои се натпреваруваа во традиционалната спортската манифестација „Денови за спорт на младите во општина Илинден“.

Победници во натпреварите во футсал во машка категорија е тимот на ООУ „Гоце Делчев“, второто место го освои екипата од ООУ „Браќа Миладиновци“, додека во женска категорија тимот на ООУ „Браќа Миладиновци“ ја совлада екипата на ООУ „Ристо Крле“.

Во одбојка во машка категорија првото место го освои екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“ додека второто место го освоија учениците од ООУ „Ристо Крле”. Во женска категорија првото место го освои тимот од ООУ „Гоце Делчев“, додека второ место го освои тимот од ООУ „Браќа Миладиновци“.

Во ракомет во женска категорија првото место го освои екипата од ООУ „Гоце Делчев“, второто место припадна за ООУ „Ристо Крле“, додека во машка категорија првото место го освои екипата на ООУ „Ристо Крле” и втори беа ООУ „Гоце Делчев“.

Во БАСКЕТ СОСУ Илинден првото место го освои класот од трета година, второ место за класот од I1 и третото место класот од I2.