Се гради пешачка патека на надвозникот на влезот во општина Илинден

Започна изградбата на нова пешачка патека на улица „2” која се протега преку надвозникот на влезот во Општината.

- Новата пешачка патека ќе биде во должина од 350 метри, а со истата ќе се овозможи безбедно движење на возилата и на пешаците кои го поминуваат овој пат, особено учениците кои во текот на учебната година се движат кон новото општинско основно училиште, информира градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.

За дополнително зголемување на безбедноста во сообраќајот, долж патеката ќе биде поставена и нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.