Запрете го икањето со притискање на овие точки

Икањето е тешко и непријатно, а кај некои луѓе може да предизвика гадење и повраќање. Се работи за неконтролирани грчеви на дијафрагмата кои се случуваат, на пример, после пиење газирани пијалаци, алкохол, брза исхрана, нагли промени на температурата, по возбуда и сл.

Икањето обично трае помалку од еден час и спонтано исчезнува, но секој сака да го спречи што е можно побрзо. Постојат различни методи од задржување на здивот, пиење вода и сл. Ова се само некои од методите кои понекогаш успеваат да го запрат икањето. Со притискање на одредени точки на телото можно е да се запре оваа незгодна ситуација. Прочитајте за кои точки се работи и изберете го методот кој најмногу ви одговара.

Првата точка на притисок е на лицето

Пронајдете го врезот помеѓу горната усна и носот. Кај некои луѓе е поизразена,  а кај некои луѓе е помалку изразена, но сите не можат да ја најдат. Притиснете го центарот на таа точка и туркајте во насока на забите. Ова треба да трае од 20 до 30 секунди.

Втората точка е на градите

Најдете ја градната коска, таа е долга и тесна, и ги поврзува ребрата. Кога ќе ја најдете следете ја со прстите надолу додека не и’ го најдете крајот. Стиснете го крајниот дел, а притисокот нека биде во насока на грбот. Сепак, внимавајте да не стискате премногу силно. Притискајте од 20 до 30 секунди.

Третата точка е абдоменот

Следете ја со прсти линијата помеѓу папокот и пубичната коска, во средината на стомакот. Точката на притисок се наоѓа во средината на линијата. Притиснете ја точката со прсти (не стискајте) во насока на ‘рбетот и држете 20 до 30 секунди.

Четвртата точка е на раката

Направете тупаница и ќе видите две истакнати тетиви на внатрешната страна на подлактицата. На раката блиску до зглобот ќе видите вдлабнатина. Точката на притисокот се наоѓа на околу две ширини на палецот кон лактот, помеѓу двете тетивите. Држете ја точката од 20 до 30 секунди.