Како негативните емоции влијаат на нашето здравје?

Знаете ли како влијаете на сопственото здравје кога размислувате негативно?

Photo by Ahmed Zayan on Unsplash

Научникот Дејвис Сузуки собирал молекули од здивот додека изговарал зборови на гнев, омраза и љубомора. 

Тие молекули содржеле токсини и откако се акумулирале еде час, таквите токсини биле доволни да убијат дури 80 заморчиња! Можете ли да замислите сега колкава штета му нанесувате на вашето тело кога размислувате негативно или дозволувате емоционалните искуства да минуваат низ вашето тело без да ги анализирате и разберете.

Луѓето доживуваат различни видови на емоции, од среќа до тага, екстремна радост до депресија. Секој тип на емоции има различен ефект врз телото. На пример, ако вашиот мозок ослободува серотонин, допамин или окситоцин, ќе се чувствувате добро и среќно. Ако вашето тело ослободува кортизол, хормонот на стресот, ќе се чувствувате сосема поинаку.

Што се случува кога постојано размислуваме негативно? Или кога размислуваме позитивно цело време? Или кога не сме се обврзале ниту на негативно, ниту на позитивно размислување? Ајде да истражиме како сето ова влијае на телото и животот.

Позитивно наспроти негативно

Photo by Tim Mossholder on Unsplash

Дали постои двојност во нашиот свет? Можеби ќе кажете дека тоа постои до одреден степен, но ние трошиме голем дел од нашето време дефинирајќи и оценувајќи што е позитивно, а што негативно.

Мозокот е многу моќна алатка и нашата идеја за тоа како нешто треба да биде често се рефлектира во животот. Дали некогаш сте забележале дека личноста која вози и очекува другите да возат како неа, може да се налути и одеднаш да стане негативна и нерасположена? Некој друг пак, си го продолжува денот како ништо да не се случило. Така, истото искуство може да биде негативно за некого, а позитивно за друга личност. Според тоа, дали искуствата се предефинирани како позитивни и негативни? Или ние сме тие што ги дефинираме?

Променете ја вашата перцепција

Photo by Count Chris on Unsplash

Откако ќе размислите за момент, ќе сфатите дека всушност нема негативни и позитивни искуства, туку дека ние сме тие кои ги дефинираме како такви. Нашата перцепција на искуства и ситуации има моќ врз тоа како се чувствуваме и како реагираат нашите тела. Токму затоа е толку важно да разберете како одредени чувства влијаат на вашето здравје и да го промените пристапот и размислувањето.

Тоа не е секогаш едноставно и лесно, но вреди да се проба.