Како да престанете да икате за помалку од 15 секунди?

Икањето претставува неконтролирана контракција на дијафрагмата, која навистина многу иритира. Нема ништо подосадно од икањето кое обично од петни жили се трудиме да го сопреме, но во тие моменти нам ни делува како вечно да ќе трае тоа и вечно ќе не нервира.

Икањето се случува од неколку различни причини како што се пребрзо јадење, страв, јадење презачинета храна, а понекогаш и од премногу алкохол.

Има најразлични совети за тоа како да го сопрете икањето, но следниов начин којшто ќе го прочитате е најефикасен со гаранција. Само морате да бидете сигурни дека точно до детал ги следите сите точки. Многу е едноставен и краток и за помалку од 15 секунди ќе го решите проблемот.

Оваа техника служи за „ресетирање“ на дијафрагмата, сопирајќи го ритамот на контракцијата. Овие чекори мора да се следат точно како што се препорачани, доколку сакате да го спречите неконтролираното икање. И покрај тоа одлична техника е за ако случајно ви се случи да почнете да икате на сред состанок.

1. Прво, вдишете воздух најдлабоко што можете, наполнете ги белите дробови со воздух.
2. Кога ќе почувствувате дека сте вдишале најмногу што можете, обидете се да вдишете уште еднаш, ама сосема кратко и брзо.
3. Држете го здивот во наредните 10 секунди.
4. Пред да издишете, голтнете.
5. Опуштете се. Толку е. Нема веќе икање!