Алармантна е состојбата со иселувањето во земјава. На оваа тема свој став сподели и заменик народниот правобранител Јован Андоновски.
Еве што пишува тој:
Дали сте знаеле дека "берлинскиот ѕид" не е изграден за да се изврши демаркација на границата помеѓу Источна и Западна Германија, ниту од класични безбедносни причини?
Изграден е за да се спречи одлив на население од Источна во Западна Германија! Еден ден властите на ДДР согледале дека немаат друг начин да го запрат одливот на население, при тоа, најмногу бегале учените и имашните, па одлучиле со изградба на ѕид да ги оневозможат.
Во последните месеци од Македонската држава се иселиле:
- од Кумановско - 200 основци и средношколци заедно со семејствата;
- од Тетовско исто така 200;
- од Штипско околу 180 и
- од Прилепско 130...
Не постои ѕид што ќе ги запре младите и работоспособните да заминат. Додека ние овде се занимаваме сè уште со прашања од минатото, ја губиме иднината.