„Типичен гастрабајтер“: Ќе бидете поголеми патриоти, ќе сакате да се самоубиете, ќе имате пари

„Типичен гастрабајтер“ сподели 15 факти што значи да си Македонец, а да живееш и работиш надвор од државата! 

Неговиот статус предизвика бура од реакции, со оглед дека темата за „животот надвор“ и „животот дома“ е сѐ почеста тема на дебата во нашето општество, во потрага по подобар живот! 

Еве што вели овој „гастрабајтер“ за животот надвор од Македонија: 

1. Ќе го изгубите национализмот!

2. Ќе бидете уште поголеми патриоти бидејќи не сте дома!

3. Ќе сватите колку ја сакате фамилијата и колку фали нејзиното присуство!

4. Ќе дознаете кој ви се вистински пријатели! Ќе имате нови пријатели, но никогаш нема да бидат како вашите стари пријатели!

5. Ќе сватите што уствари фали на Балканот за да биде ЕВРОПА!

6. Ќе дознаете колку е КИЧ и ФЕЈК целиот Балкан, лоша реплика на западниот свет!

7. Ќе сватите дека сепак и вие сте анксиозни!

8. Ако немате партнер/ка е многу лошо, ќе разговарате со ѕидови, ќе почнете да комуницирате со телевизорот, ќе имате желба да најдете партнер, сте созреале!

9. Ќе осеќаш дека си жртва за подобро утре!

10. Ако си сам/а и веќе преселен/а сигурно имаш веќе размислено да си го одземеш животот!

11. Која е поентата/целта на живеењето, дишеш и реплицираш копии од самиот себе! Ние го викаме фамилија но не е, тоа се вика човештво и не сите се родени да бидат перфектни, како тоа треба да живееме и што да правиме/работиме, едноставно не сме исти!

12. Секоја работа е добро платена, пари за леб нема да ти фалат!

13. Ќе мечтаете да ви дојдат стари пријатели на гости, ќе сакате да им покажете работи, некој го гледаат тоа како понижување, знаете дека има Интернет и во Македонија, не сите живеат во пештера!

14. Ќе ја изгубите љубомората ако сте ја имале нема да ве интересира кој колку заработува, ЗОШТО? Пример: Бидејќи во Македонија не сте можеле да отидете во кафана/кафич/диско било кога, секогаш ви фалеле пари, сте штеделе или едноставно сте немале, или сте оделе во кафичи и сте лигавеле еден филџан кафе со мало еспресо секој ден, сте флексале на луѓе што не ве знаат, а не ги боли ЦЕФ за вас!

15. Балкански девојки/жени? Треба да разграничите кој е глава во фамилија уште пред да се преселите заедно! На крајот од денот добро е да имаш да гушнеш некој и да му кажеш здраво од сабајле, без разлика каков ви бил денот и колку сте се карале!