Закани за градоначалникот на Бутел: Ако затворите за празникот тешко вас

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, добива закани да не ја затвора општината за претстојниот верски празник по најавите дека до крајот на неделава е можно да бидат прогласени локални карантини во деловите од земјата каде што има зголемен број новозаболени, јавува „А1он“. Бутел веќе неколку дена е меѓу првите пет општини по број на новозаболени и во моментов има 37 активни заразени со Ковид – 19.

Заканите кај градоначалникот почнале да стигнуваат откако повторно почна да расте бројот на новозаболени.

Ако затворите за празникот тешко вас’, пцости и навреди на нациолнална основа добивам постојано. Не ме загрижуваат за мојата безбедност, но секако не сме рамнодушни во однос на носењето на одлуките. Сакаме да ги земеме предвид забелешките од сите. Од друга страна на сите ни е јасно дека за Задушница ризикот за ширење на заразата е голем, се носи храна, се прави групирање. Сметам дека треба да почекаме до четврток за одлука, вели градоначалникот Смилевски.

извор - www.makedonskivesnik.com