„Закачалка на добрината“ - иновативна хуманитарна акција пред една продавница

Оваа гевгелиска пиљара во пресрет на празниците организира навистина оригинална хуманитарна акција која е за пофалба. 

Од вчера во функција пред продавницата е закачалка на добрината под мотото „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“.

-Апелираме сите оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата. Да ги направиме празниците убави за сите, се вели во нивната објава на фејсбук.