Малото мече здраво е вратено дома-во природата

Денеска вратено е во природата малото мече кое беше пронајдено повредено на патот.

Мечето е оставено на истото место на кое беше и пронајдено, во месноста Радожда, Струга.

На мечето му беше укажана и пружена соодветна нега од страна на ветеринар и од страна на Гоце Митрески, човекот кој го пронајде мечето и кој го чуваше истото во својот дом се додека истото не закрепна.

Мечето е моментално во добра здравствена состојба е вратено онаму каде што и припаѓа-во природа.