Концертот „Детска Насмевка за Овој Свет“, со песни од Тоше, вечерва на МРТВ1

 

Хуманитарниот концерт на PWB ‘’Детска Насмевка за Овој Свет” денеска ќе биде премиерно емитуван на МРТВ1 со почеток во 17:45 часот. 

Концертот се одржа на 29ти јуни за да ја прославиме музиката и делото на нашиот ангел Тоше Проески и да го почитуваме неговото наследство.

Задоволство ни е што секој ќе може да ужива во магијата создадена таа вечер во Спомен куќата на Тодор Проески, велат организаторите. 

Организатор на концерот е хуманитарната непрофитна организација „Play Without Boundaires“ („Игра Без Граници“), регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески, и со поддршка на Спомен куќата.

– Дваесет и деветти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион, кој сега е именуван по неговото име. За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се нашите звезди Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи „Инвиктус“ и „Мелем“. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња, информираат организаторите.