Загина возач во струмичко, излетал со возилото од пат и удрил во ограда

Вчера во 07.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Василево, струмичко, Г.Ц.(64) од село Василево, управувајќи товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото,  излетал од патот и удрил во ограда.

Како што соопшти МВР, лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт кај возачот, кому му се слошило и починал пред ударот. 

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.