Оружје и дрога пронајдено кај млад маж од струмичко

Вчера попладне, во 16.30 часот, во село Сушица, Струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 26-годишниот Л. Д. од село Сушица, извести МВР.

„При претреси на две локации во селата Сушица и Турново, кои ги користел Л. Д., извршени со судски наредби, биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка, воздушна пушка и повеќе патрони за ловечка пушка“, соопшти МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање, против Л. Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.