За малку ќе експлодирала, спречена експлозија на цистерна на автопатот Велес-Градско

Брзата реакција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна Единица од Велес утрово е причина што е спречена експлозија  на цистерната којашто се запалила на автопатот Велес – Градско во близина на бензиската пумпа „Дади Компани“.

Како што соопштуваат од ТППЕ Велес, утрово во 9:08 часот добиле дојава за запалениот шлепер цистерна во близина на бензиската „Дади Компани“ , по што веднаш се упатиле кон местото на настанот со две противпожарни возила и пет пожарникари.

„По пристигнувањето пристапено беше кон гаснење на пожарот и поради брзата итервенција не дојде до експлозија на цистерната“, велат од ТППЕ Велес.

Оттаму апелираат доколку граѓаните забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.