Камион со цистерна се преврте на магистралниот пат Делчево-Штип

Се преврте камион со цистерна во текот на вчерашниот ден. 

На 18.07.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано ,,Каменолом“, товарно возило „ман“ со полуприколка - цистерна, и двете со бугарски национални ознаки, сопственост на правно лице од Бугарија, а управувано од Д.Ј.(58) од Бугарија, се превртело на коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.