Се преврте цистерна на патот Демир Капија-Смоквица, патот е затворен за сообраќај

Во 20:19 часот на ден 10.03.2023 година, на бројот за итни повици 112 е пријавен настан за превртена цистерна на патниот правец клучка Миравци према клучка Демир Капија. По оставрените контакти со АМСМ и Дежурен центар за состојби при МВР известени сме дека сообраќајот во двата правци на автопатот на релација Демир Капија- Гевгелија е во целосен прекин и е пренасочен по стариот пат Демир Капија-Удово-Гевгелија, информираат од Центарот за управување со кризи. 

Во моментот на местото на настанот е стигната механизација која врши отстранување на цистерната од патот. Се очекува за краток временски период сообраќајот да биде нормализиран и цистерната безбедно отстранета од патот, велат надлежните.