За љубовта која ја имаме за сите кои ни значат

Љубовта  не е само врската меѓу двајца луѓе. Таа се однесува и на сите луѓе околу нас. Сите оние кои ни значат и на кои им значиме. Таа е за сите нешта кои ги цениме кај оние кои ги сакаме.

Љубовта е грижата која се јавува во текот на ноќта, мислејќи на луѓето кои ни значат. Љубовта е личноста на која мислиме, слушајќи ја омилената песна. Љубовта е забрзаното чукање на срцето кога ќе го видиме името кое најмногу ни значи на екранот на нашиот телефон. Љубовта е обидот да ja задржиме до себе личноста која ни значи. Љубовта е вербата дека личноста која ја сакаме секогаш ќе остане до нас. Љубов е и тагата која ја чувствуваме кога знаеме дека личноста нема никогаш да ни се врати повеќе.

Љубовта е кога го гледаш остареното лице на својата баба и се потсетуваш на деновите кога таа се грижеше за тебе. Љубов  е и помнењето на сите добри нешта кои луѓето ги прават за нас.

Љубовта е и кога знаеш дека што и да се случи, личноста која порано ја сакаше ќе помине низ твојот ум и секогаш ќе сакаш да ги споделиш сите убави нешта кои ти се случуваат со неа. Љубовта е и чувството кое го имате во своето срце кое се разгорува кога вашиот брат или сестра се среќни.

Љубовта е простувањето, која доаѓа од најтемниот дел на вашето срце. Љубовта е надежта дека нештата ќе бидат подобри.

cheap nike air max 90