Вработените од ЈСП остануваат пред Град Скопје, ќе ја чекаат дополнителната вонредна седница

Драмата во Град Скопје околку изгласувањето на субвенциите предвидени за ЈСП продолжува. Вработените кои дојдоа се со цел да направат притисок врз советниците да ја изгласаат одлуката за ЈСП остануваат пред бараките на градот да ја чекаат новата вонредна седница која е закажана да почне за саат и половина откако на претходната што заврши не беше изгласана одлуката за доделување на субвенции во висина од 12 милиони евра.

Според Стојановски, вработените остануваат пред Град Скопје.

- „Ќе чекаме вонредна седница. Ако нема седница на град Скопје, ќе нема јавен превоз“, порача Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје.

Од синдикатот велат дека се бараат гласови, а плата не им даваат и дека нема да дозволат народот да пати.

- „Без коментар сме, немаат ни душа , ни срце, ништо немаат тие луѓе внатре. Бараат гласови, а плати не даваат, срам да име, како ќе им објаснат на нивните жени и деца дека не дале субвенции за плата на вработените од ЈСП. Нема да дозволиме овој народ да пати, они нека си се караат мегу себе“, дополнија од синдикатот.