Водостојот на реките се зголемува, нивото на езерата во рамки на просекот

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јануари се бележи денеска на реката Вардар кај Јегуновце, кај Скопје, кај Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Струмица кај Сушево, како и на Бабуна кај Богомила.

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека намалени водостои има на Крива река кај Крива Паланка, Црна Река кај Новаци и на Црн Дрим кај Ложани.

Водостоите на Охридското, Препанското Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот.