Водостојот на Охридското и Дојранското Езеро над просекот за септември

Водостојот на Дојранското Езеро е пониско во однос на вчерашниот ден, но е над просекот за месец септември. Кај Охридското Езеро промени во однос на вчера нема, но и тоа е над септемврискиот просек, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, и нивото на Преспанското Езеро од вчера е без промени, но е под септемврискиот просек. Кај водостоите на реките нема поголеми отстапувања.