Водно викендов - Ова треба гостинката Урсула да го види и да каже дали со овој срам можеме во  Европа?

Врвот на Водно во една грда слика од викендов. Зарем има толку несовесност, со чудење прашуваат скопјани!

- Ова треба гостинката Урсула да го види и да каже дали со овој срам можеме во  Европа? - порача еден скопјанец. 

Граѓаните негодуваат бидејќи и покрај аерозагадувањето, дивите депонии и сметот околу контејнерите, се загадува и единственото место во Скопје кое служи за одмор и рекреација, и е богато со природа. 

- Природата на чист воздух за Скопјани и таа загадена со диви депонии.Страшно и жално, освестете се и зачувајте ја природата бргу ке ја барате но ке биде доцна.Овдека само камери и дебели парични казни без пардон, вели револтирано една скопјанка.