Видео: Вода се слева врз мојата куќа, страв ми е да не се урне, се жали жител на Водно

Пред повеќе од два месеци во близина на улицата „Белградска“, во населено место Водно, од земјиште на Република Македонија се појавила изворска вода на повеќе места.

- Водата се слева директно врз задниот ѕид од мојата куќа и истекува во канал покрај неа како и низ мојата гаража и двор со оглед дека по некое време се појави и во самата гаража ново место од каде што извира. Материјалната штета е веќе голема, но и стравот и грижата од можно уривање на самата куќа доколку не се најде решение, вели скопјанецот.

Веќе било стапено во контакт и со надлежните од Инспекторатот за животна средина на Град Скопје и истите извршиле Увид на 22.05.2023, а притоа ветиле дека ќе направат сè што е во нивна надлежност за да се реши проблемот.

-Како што напоменав и погоре доколку не се делува веднаш, стравувам дека со секој изминат ден мојот дом претрпува сè поголема штета од која нема да може лесно или пак воопшто да се санира, пишува во статусот.