Водите љубов или е само секс во прашање? Овие знаци покажуваат дека меѓу вас има многу повеќе од секс

Водите љубов или се сексате? Постои разлика меѓу овие два изрази, сметаат многумина. Некои ќе кажат дека „водењето љубов“ всушност е културен назив за секс. Меѓутоа...

Сексуалните експерти сметаат дека тоа не е вистина и дека по однесувањето под чаршафите може да се заклучи колку на вашиот партнер му е грижа за вас.

Водењето љубов ја вклучува онаа врста (вид) секс која е поинтимна, поромантична, а некои дури ја сметаат и за подуховна од сексот кој не вклучува љубов во својата дефиниција. Кога двајца луѓе чувствуваат љубов еден кон друг, тие автоматски водат љубов.

Паровите кои „водат љубов“, обично, се емоционално поврзани и вљубени еден во друг. Сексуалниот тренер, Батл, напоменува дека овој израз го сковале луѓето кои го практикуваат  хипи начинот на живот, луѓето кои практикуваат тантри и луѓето кои бараат трансценденција преку сексот.

Водат ли љубов само духовните луѓе?

Истражувањата покажуваат дека овој израз нема врска со праксата, колку што има со теоријата и дека почесто го употребуваат религиозните, духовните и традиционалните луѓе кои сметаат дека зборот „секс“ е премногу груб и во многу ситуации непримерен.

Од друга страна, истражувањата покажале дека многу се оттргнале од фразата водење љубов затоа што таа може да создаде морална хиерархија околу сексуалноста, што имплицира дека сексот е највреден кога вклучува романтична љубов, а тоа не е генералмо правило затоа што многумина уживаат во секс без емоции.

Разликата помеѓу водењето љубов и сексот е субјективна затоа што тие може да изгледаат исто и да вклучуваат потполно исти сексуални чинови, однесувања и поврзаност.    

Најголемата разлика е во намерата која стои зад сексот. Водењето љубов би можело да се дефинира како користење на сексот за да се изразат емоции, додека сексот сам по себе е задоволување на физичките потреби.

Во продолжение прочитајте ги знаците кои ви покажуваат дека некој со вас води љубов:

  • Сексот започнува после емоционален разговор или поврзување и не е причина сам по себе
  • За време на сексот постои интензивен контакт со очите
  • Сексот вклучува многу бакнување, пред, за време и после сексот
  • Одбирате пози кои вклучуваат гушкање и близина на телата
  • Нежни сте и внимателни, а допирите се полни со емоции
  • Допирите не се насочени само на гениталиите, туку на целото тело. Рака на образот, испреплетени прсти и бакнежи по рамената и колковите се најчести знаци дека меѓу вас постојат длабоки чувства.
  • Нема брзање, секое сексуално движење е внимателно испланирано со цел максимално да се искористи секој интимен момент.
  • Партнерот ви кажува романтични работи за време на сексот
  • За време на сексот партнерот ви кажува дека ве сака
  • После сексот обавезно се мазите и отворено си кажувате колку ви било убаво

Многу е важно да се напомене дека сите овие постапки можат да ги практикуваат и луѓето кои не се во сериозни и романтични врски. Дури и повремениот секс може да биде стравствен, романтичен и исполнет со взаемна грижа. Единствениот вистински начин да дознаете какви се чувствата на партнерот кон вас е отворен разговор.

Истражувањата покажуваат дека љубовта многу лесно може да се развие после една стравствена ноќ, иако тоа не била намерата на ниту една страна.

Постојат објаснувања како стравствено да водите љубов која на крајот може да резултира со создавање длабоки чувства, па и романтична врска:

  • Поврзете се со партнерот пред сексот. Водењето љубов почнува многу порано пред да завршите во кревет. Најважна работа е да дознаете што точно чувствувате кон вашиот партнер. Кога сте сигурни во своите чувства, дури тогаш ќе можете да ги изразите преку интима и секс.
  • Дознајте кои се интимните потреби на вашиот партнер. Разговорот за секс може значително да ги подобри во пракса.
  • Дајте си време во креветот. Водењето љубов не е нешто што се прави на брзинка.
  • Допирајте го целото тело на вашиот партнер. Оддалечувањето од стандардниот фокус е една од најголемите разлики меѓу сексот и водењето љубов. Истражете ги различните ерогени зони и на тој начин покажете му на партнерот колку ви е важно неговото задоволство. Во водењето љубов нема место за себичност.