Во Врање се вакцинираа повеќе од 900 Македонци

Повеќе од 900 Македонци изминатиот викенд се вакцинираа во соседна Србија, поточно во Врање. 

Дел од нив примаа ревакцина, но имаше и такви кои ја примаат првата доза. Во спортската сала во Врање тие имаа можност да изберат дали ќе се вакцинираат со Фајзер или пак, со Синофарм. 

Според српските здравствени власти, досега во Србија се вакцинирани околу 15.000 македонски граѓани. Најголем број од оние кои се вакцинираа во април ја примија вакцината на „Астра зенека“.

Македонците правото на вакцинација можат да го остварт со пасош или со лична карта.