Во 235 станбени објекти има дефекти за пристап до топлина, потрошувачите навреме да ги отстранат пречките, апелира ЕСМ

Со цел овозможување на редовна и квалитетна испорака на топлинска енергија на почетокот на грејната сезона, ЕСМ упатува апел до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

Ги повикуваат потрошувачите, пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа во прегледот на моментално затворени објекти кај кои нема услови за испорака на топлинска енергија на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk).

- Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. Во моментов во 235 колективни станбени објекти сè уште не се обезбедени потребните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици. За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100, се наведува во соопштението од ЕСМ снабдување со топлина.