Внимавајте: Никој не доделува 150 фрижидери и машини за перење ако споделите објава на фејсбук

Уште една измама се појави на социјалната мрежа фејсбук. На една фејсбук страница се споделува објава со лажна наградна игра со цел страната да добие поголем број на фанови.

- Почнувајќи од денес дистрибуираме 150 фрижидери и машини за перење кои не можат да се продадат бидејќи се изгребани и лесно оштетени, сите фрижидери се во добра состојба и ќе бидат испратени по случаен избор до оние кои споделуваат готови објави и коментари. Проверете дали вашето име веќе е на нашата листа на добитници на награди, се вели во статусот на фејсбук, но тоа е лага.

И во изминатиот период имаше идентични фејсбук страници, во кои се злоупотребуваше брендот, логото и името на одредени фирми, при што се нудеа мобилни телефони за само 123 денари, но и тие беше само лага со цел да се украдат податоци од корисниците, како и да се добијат поголем број фанови на самата фејсбук страница.

Во продолжение може да погледнете како изгледа објавата на лажната веб-страница.