Видео: Матурант му покажа среден прст на полицаец и го „запали“ фејсбук

Видео од матурант качен на кров на возило предизвика бурни реакции на социјалната мрежа фејсбук.

Матурантот во еден момент му покажа среден прст на полицискиот службеник, а граѓаните се револтирани поради неговата реакција.

-Си мислиш за астронаут завршил, а тој едвај средно. Да сум му родител на детево, ќе му удрам една шлаканица за да го воспитам. Ова е жално, не се знае од која планина е симнат, се само дел од реакциите.