Внимавајте каде паркирате: „Пајакот“ крена 122 возила во Центар

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 224 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- Во периодот од 06.02.01. до 12.02.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 122 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 102 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од Општина Центар.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.