Вирален став на скопјанка: Кога ќе излезете да ги тргнете лоповите што со наши пари стануваат милионери, ќе бидам прва таму

Скопјанката Татјана Стојановска со искрен став за актуелните прашања за ЛБГТ припадниците од една, и верниците од друга страна. 

Нејзиниот фејсбук статус стана вирален, а ние ви го пренеусваме во целост!

- Денес леб имате да јадете и ЛГБТ и верниците? Добар живот имате? Само тоа остана да го решиме? Ви пуштија водичка со предлог закони за кои ќе се испотепате, а сите исто умираме во болници, нѐ крадат со тендери, нѐ напаѓаат улични кучиња, немаме доволно пари за да го истераме месецот, немаме книги за децата во училиштата, нѐ бркаат извршители, дишеме загаден воздух... Ве гледаат и се смеат колку успешно омразата си функционира. И што е многу битно, имаме кого да пцуеме и тепаме кој ни е достапен, дека вистинските виновници се недостапни токму затоа што тоа ние им го овозможуваме со нашата омраза кон еднаквиот на нас. Ниту на парада бев, ниту на протест на црквата ќе одам.

Кога ќе излезете да ги тргнете лоповите што со наши пари стануваат милионери, концесионери и фактори, ќе бидам прва таму, порача таа во својата фејсбук објава.