Чучкова: Училишната недела ќе започнувала со државната химна - масакар, се изедовме меѓу себе

 

Професорката од Факултетот за психологија и познат психолог Ана Чучкова со став за образованието во нашето општество. 

Како и секогаш, таа е гласна за општествените аномалии, а овој пат, акцет стави на образованието кое го нарече најважниот авион. 

Ова е нејзиниот став во целост: 

Наставничка дилала на вашите деца дрога! -штама и исмевање

Негувателка ги терала децата да пушат! - штама и исмевање

Училишната недела ќе започнувала (само во едно училиште) со државната химна - масакар, се изедовме меѓу себе.

Ама кога разбравте дека контролори на вашите летови до Малдиви ќе бидат некои со партиски врски сите се преплашивте. Тоа било катастрофа! Е да катастрофа е. И иста катастрофа е кога сте го дале кормилото на најважниот авион, образованието, на некој неписмен.

Ама не ви изгледа толку страшно оти тој авион е на многу долга релација чиј крај очигледно не сме способни да го видиме.