Виножито на муралoт „Будење“ во Скопје - инспирирано од будењето на природата

Фотографија од виножито над мурал во Скопје го симболизира будењето и доаѓањето на пролетта.

Станува збор за дело на Нина Симовска со  наслов „Будење“ кое реализираше во рамките на кампањата „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“ со која dm дрогерие маркетите одбележуваат јубилејот од 10 години постоење на македонскиот пазар. 

Портретот е насликан со свежи бои што го означуваат будењето на природата, а истовремено целата композиција означува нова надеж.