(Видео) Мајка му била матичен лекар, татко му експерт по шински возила - Мицкоски откри за семејната историја

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на стартот на кампањата за парламентарните избори, сподели видео во кое открива повеќе за приватниот живот и семејната историја. 

- Kако дете на мајка - лекар и татко - инженер, пораснат сум во семејство со несебична љубов, каде материјалните работи не беа центарот на интерес, туку посветеноста кон работата и семејството и поддршката едни кон други, вели тој. 

Денес, тоа го пренесувам и во моето семејство, каде заедно со сопругата Рози и децата сме најсилниот мотив и поддршка, едни кон други, како во работата, така и во животот.

Па така, и на вас, моите сограѓани, гледам како едно семејство. Вие ќе бидете мојата поддршка, сила и мотив, а мене, вашите потреби, приоритет. Заедно можеме да оствариме сѐ! - порача Мицкоски.