Петров од СДСМ: Спремни сме за опозиција

Андреј Петров, член на Извршен одбор на СДСМ во гостување во емисијата Клан дебата на ТВ Клан, по вчерашниот пораз на кандидатот за претседател на Македонија од СДСМ, Стево Пендаровски истакна дека СДСМ е спремна за опозиција.

Тој, сепак, дава поддршка за сите позитивни работи кои што планира идната влада да ги спроведи.

Ние пораката ја сфативме. Ќе се бориме за секој глас кој ќе можеме да го добиеме, спремни сме за опозиција и спремни сме да дадеме поддршка за сите позитивни работи, рече Петров.