Велосипедистка тешко повредена во сообраќајка во Кавадарци

47-годишна жена коај управувала велосипед е прегазена до возило „шевролет“ во Кавадарци. 

На 29.12.2023 во 08.20 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Никола Минчев“ и ул.„Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци, патничко моторно возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(54) од Кавадарци, удрило во велосипед управуван од Е.Б.(47) од Кавадарци. Во несреќата Е.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.