Велковски: МТСП следи дали во градинките има прием на деца кои не се вакцинирани против голема кашлица

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковси вели дека министерството ја следи состојбата на терен и се придржува кон исполнувањето на протоколите за вакцинирање против големата кашлица

- “Имаме стриктни протоколи, а и според правилниците за упис на дете во градинка потребно е во досието, во согласност со возраста, да биде вклучен и картонот со примени вакцини. Притоа строго се постапува, нашите инспектори се и во редовни и во вонредни надзори на терен, а таму каде што ќе се констатираат неправилности, тие ќе бидат евидентирани и ќе се изготват записници. Тоа значи дека се постапува според она што е во наша надлежност. Освен овие законски обврски за комплетно досие со вакцинален картон при уписот, ние како Министерство немаме дополнителни мерки. Комисијата за заразни болести одржува состаноци секоја недела и ако стигнат некакви насоки и заклучоци, ние ќе постапуваме според нив“, нагласи Велковски