Вчера полицијата изрече над 130 санкции во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции управување под дејство на алкохол, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.