Вчера 41 починат од ковид-19, меѓу кои и три млади лица на 18, 23 и 31 година

Во изминатите 24 часа од ковид-19 починале 41 лице, меѓу кои и три млади лица на 18, 23 и 31 години, сите од Скопје. Од Министерството за здравство не дадоа повеќе детали за причините за смртта на младите лица. Возраста на останатите 38 починати се движи од 45 до 84 години.

„Од пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови“, соопштија од ресорот здравство.