Ванковска: Нема да бидам политичка манекенка или случаен минувач во политиката

“Нема да бидам политичка манекенка или случаен минувач во политиката“ ова го порача професорката Билјана Ванковска, која денеска беше промовирана за кандидатка за претседателка на државата од редовите на политичката партија Левица. Таа посочи дека ќе се извадат ракавицие зошто времето на политичка коректност е поминато.

- “Јас се чувствувам како дел од тимот, иако не сум член на партијата Левица. Да ви се претставувам посебно не знам дали е потребно, бидејќи многумина од вас се сеќаваат на времињата кога велеа дека кога ќе отвориш фрижидер ќе ја најдеш професорката Ванковска. Тоа беше така затоа што јас не молчев кога сите молчеа. Мојата основна функција е професорската и таа останува. Пред 10 години јас се обидов како независен кандидат се обидов да влезам во оваа постапка, без никаква организациска и финансиска поддршка, и тоа беше за мене едно многу позитивно време. Ако се прашувате зошто по една деценија повторно излегувам на истиот терен, ќе ви кажам дека оттогаш многу нешта се променија и овојпат нема да бидам политичка манекенка или случаен минувач во политиката посочи Ванковска.

Таа додава дека овој пат е со многу поголема самодоверба отколку пред 10 години и дека во меѓувреме се појавила генерација на млади и борбени политичари кои направија политичка партија за респект.