Статус кој предизвика бура од реакции: По интервјуто на Јанкулоска, Ванковска тврди дека таа e „личност со интелект, интегритет и наобразба“

Професорката Билјана Ванковска на својот фејсбук профил објави реакцијата на интервјуто на поранешниот министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска кое се емитуваше во понеделникот на националната телевизија. Силјановска вели дека Јанкулоска покажала дека е ретка личност со силен интегритет, интелект и наобразба за која многу „мажи“ може да завидуваат.

Ванковска во својата објава нагласува дека го изгледала целото интервју и на самиот почеток вели „капа доле“ за интегритетот на Јанкулоска по целото судење кое го поминала при што споменува дека цунамито на омраза и мизогинија до достоинството што ги задржала за три години - сето тоа зборува за ретка личност.

„За жал, таа никогаш порано не ја имаше можноста да ја покаже својата наобразба, интелигенција и елоквенција. Сега изгледа како жена со целосна зрелост и стоицизам на кој сите оние “мажишта” можат да и’ завидуваат и да учат од неа. Никола Груевски, а и неговиот наследник, не верувам дека имаат ваков профил“, истакнува Ванковска во својата објава.

Таа додава дека Јанкулоска супериорно се држела во текот на целото интервју и покрај солзите кои ги „проголтала“ кога зборувала за своето дете.

„Секоја чест. Срамот е на страната на оние (меѓу кои и новинарите) кои се иживуваа врз неа и со неа“, завршува Ванковска во фејсбук објава.

Ваквиот нејзин став беше причина за низа реакции. Најголемиот дел од луѓето преку коментари даваат поддршка за ставот на професорката, но дел ја критикуваат аргументирајќи дека таа поддржува криминалци.