„Ван Хол“ започна со изградбата на втората фабрика- над 400 нови вработувања

Започна изградбата на втората фабрика на белгиската фабрика Ван Хол во ТИРЗ Бунарџик 2.

Во новата фабрика планирано е да бидат вработени 450 работници, а вкупната инвестиција е 17 милиони евра.

Изградбата ќе се реализира во три фази. Во првата фабрика што оваа компанија ја отвори во Македонија се произведуваат автобуси за американскиот пазар.

Вкупната инвестиција на Ван Хол од почетокот со работа во Македонија пред две години изнесува над 33 милиони евра.

Вицепремиерот Владимир Пешевски истакна дека Ван Хол е пример за добрите економски политики и доказ дека Македонија е сигурно место за инвестирање.