Утре се отвара годишната изложба ДЛУБ

Утре, Друштвото на ликовни уметници Битола (ДЛУБ)  ќе има отварање на Годишна изложба ДЛУБ со почеток од 20:00 часот, во изложбен салон КЦ Магаза.

На годинашнава изложба ќе бидат презентирани 56 дела, слики, графики и скулптура од четириесет и еден автор од Битола, како и од други македонски градови.

Изложбата ќе трае до 28 јули, а може да се посети во работни денови од 9:00-16:00 часот, а во сабота до 14:00 часот.