Од вечерва отворена изложбата на астрофотографија по повод 25 години на Скопското астрономско друштво

„Скопското астрономско друштво“  организара изложба на астрофотографија по повод 25 години на Скопското астрономско друштво

Изложбата ќе биде отворена вечер на 25.12.2023 година (понеделник) во 19:00 часот во Кинотека на Македонија. На изложбата ќе бидат претставени фотографии од членовите на „Скопско астрономско друштво“ направени на различни локации низ Македонија. Целата е да се пренесат убавините и инспиративните глетки кои можат да се забележат на ноќното небо со голо око, фотоапарат или телескоп.

Преку астрофотографиите ќе бидат претставени најразлични небесни објекти: галаксии, маглини, ѕвездени јата, објекти од Сончевиот систем, вештачки сателити, како и пејсажни фотографии со астрономски мотиви.

Влезот е бесплатен.

„Скопско астрономско друштво“ (САД) е здружение на љубители на астрономијата, кое е основано во 1998 г. во Скопје.

Целите и определбите на друштвото се ширење и популаризација на астрономијата како наука и обединување на сите љубители на астрономијата во нивната заедничка потрага по повеќе знаење, дружење и ведро небо.