Утре без вода ќе биде дел од Гази Баба

ЈП “Водовод и Канализација“ известува дека утре поради промена на затварач од ф - 600 мм на ул. Беласица б.б во непосредна близина на ТЦ Ист Гејт Мол во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците Беласица, Хусеин Бајрам, 164, 165, 166 и 171, како и сите стопански и нестопански објекти во нивна близина. ( општина Гази Баба )