Утре без вода дел од Батинци

Поради дефект на улица 7 бб во село Батинци, општина Студеничани, утре без вода ќе останат корисниците од ова село.

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето во село Батинци ќе биде во периодот од 9:00 часот до отстранување на дефектот.