Утре бесплатен паркинг во Скопје

Од „Паркинзи“ ги известуваат корисниците дека утре за време на државниот празник  „Св. Климент Охридски“, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

Редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта: Зона А0- Водно, во катните гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им го честита државниот празник „Св. Климент Охридски“.