Уште три дена топло, потоа доаѓа „зима среде пролет“

Во периодот од денешниот ден, па се до среда, територијата на Македонија  и понатаму ќе се наоѓа под влијание на топлата воздушна маса од Африка, како и на стабилна  и сува воздушна маса, прогнозира Славчо Попоски. 

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени. Овие температури кои не очекуваат наредните три денови, секако и понатаму се натпросечно високи за овој период од годината. 

Но, по овие неколку дена ќе имаме драстична промена на времето. 

- Се поизвесно е дека промената на времето ни доаѓа наредната седмица, а веќе во периодот од 15 па се до 22 Април би имале и поладно време, понекаде дури и со потпросечни температури, но и почести врнежи. Поради падот на температурите, понекаде во Европа и кај нас на Балканот би можел да се појави дури и пролетниот снег, особено секако на планинските места. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и нешто пониско, во зависност од тоа како би се движел ладниот воздух кој би се спуштил преку Атлантикот  и од северозападот на Европа, алармира Попоски.