Угостителските услуги во април поскапи за 12,3 отсто од истиот месец лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава се зголемени за 2,6%.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3,0%, алкохолни пијалаци за 1,6%, безалкохолни пијалоци за 2,8% и ноќевања за 1,5%.

Во одонс на април лани, пак, цените на угостителските услуги се повисоки за 12,3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13,5%, додека во однос на декември 2022 година, е поголем за 1,6%.